http://vodicimk.org.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/184291Ancientbitola.jpglink
http://vodicimk.org.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/507496800px_Mount_Korab__Republic_of_Macedonia.jpglink
http://vodicimk.org.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/929950800px______________________.jpglink
http://vodicimk.org.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/919580800px_Kaneo_i_ezero.jpglink
http://vodicimk.org.mk/components/com_gk3_photoslide/thumbs_big/794727Stobi_Baptisterium.jpglink
Античка Битола Кораб Охрид - плажа Црква „Св. Јован Канео“ - Охрид Стоби - Баптистериум

Новости

18.01.2011, Европска регулатива за туристички водичи и проблеми кои ги очекуваат водичите со влезот во европската унија

18.01.2011, Европска регула…

Здружението на туристички водичи и придружници на Република Македонија има задоволство да ...

повеќе
ПРАКТИЧНА ОБУКА

ПРАКТИЧНА ОБУКА

Почитувани Ве информираме дека Здружението на туристички водичи и придружници на Македон...

повеќе

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО, МИСИЈА И ВИЗИЈА

Основната дејност на Здружението за туристички водичи и придружници на Македонија е координирање и раководење на стручен кадар, на водичи и придружници согласно Законот за туристичка дејност. Здружението има план за координација и соработка со низа институции и организации, со цел подигање на квалитетот на водичката служба во Македонија.

Мисијата на ЗТВПМ е преку изградба на човечки ресурси да ја издигне свеста за промовирање на културното наследство на Република Македонија, како на домашните така и на странските туристи.

Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија е надлежно за издавање на легитимации како јавно овластување добиено од Владата на Република Македонија.

Професијата туристички водичи во Република Македонија се обавува од 1978 година. Оваа професија произлегува од потребата на туристичките агенции на своите клиенти-патници да им ги презентираат карактеристичите особености на државите и градовите кои се посетуваат во странство, но многу повеќе на странските гости кои ја посетуваат нашата земја како туристи, но и како гости на Владините институции, Собранието на Република Македонија, посетители на разни бизнис, спортски, културни и други манифестации.

Туристичките водичи се репрезенти на државата и призма низ која странските гости го градат впечатокот за нашата земја. Од квалитетот на нивната презентација зависи дали странските посетители ќе си заминат во своите земји не само со убави слики во фотоапаратите, пријатни впечатоци за нашата кујна и гостопримството на граѓаните на нашата земја, но уште повеќе со квалитетна иреална претстава за историјата, географијата, општественото уредување и културното наследство на нашата земја. Од таму професијата туристички водичи се наметнува како професија од посебен интерес за државата.

Следствено на ова туристичките водичи треба да имаат квалитетно и стручно усмерено образование. Во моментот за извршување на професијата туристички водич потребно е Уверение за положени испити според испитна програма на еден од двата Факултети за туризам, Факултетот за туризам и угостителство Охрид и Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје. Но треба да се запрашаме дали со оваа испитна програма која се состои од седум испити содржани во книга од 230 страни, од кои само 30 страни се од предметот Културно наследство се произведува квалитетен кадар за извршување на професијата туристички водич.

Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија согледувајќи ја потребата од понатамошно усовршување на водичите направи Програма за практична обука и тренинг на водичите кои веќе имаат Уверение и Легитимација за туристички водич.

 

Пријави се на ЗТВПМ

Прашалник

Дали сакате да станете и Вие Туристички водич?
 
Банер
Банер