Почетна ЗТВПМ Активности

Активности

Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија (ЗТВПМ) од своето формирање е вклучено во повеќе активности:

  • Воспоставување на критериуми за издавање на легитимации како јавно овластување добиено од Владата на Република Македонија
  • Ангажирање на поедини стручни водичи - членови на ЗТВПМ на Вториот Меѓународен Саем за туризам на Македонија, задолжени за разглед на Охрид и Струга, етаблирани водичи во своите области каде ја обавуваат својата дејност.

 

Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија ќе создаде база со податоци за сите водичи на територија на Македонија кои ќе бидат поканети на конференцијата.

  • Секој водич да размислува водич од кариера, кој ќе му овозможи цело работно време, односно да ја гледа професијата како егзистенција, а не како дополнителна дејност односно хоби
  • Важноста на подигањето на квалитетот на услугата на претприемништво и координација на странски и домашни туристи е во начинот на презентирање на државата и создавање на призма низ која странските гости го градат впечатокот за нашата земја. Од квалитетот на нивната презентација зависи дали странските посетители ќе си заминат во своите земји не само со убави слики во фотоапаратите, пријатни впечатоци за нашата кујна и гостопримството на граѓаните на нашата земја туку уште повеќе со квалитетна и реална претстава за историјата, географијата, општественото уредување и културното наследство на нашата земја

 

 

Пријави се на ЗТВПМ

Прашалник

Дали сакате да станете и Вие Туристички водич?
 
Банер
Банер