Почетна ЗТВПМ Листа на услуги (ценовник)

Листа на услуги (ценовник)

Е-пошта Печати PDF

ОПШТИ НАПОМЕНИ

 

  • За ангажирање на член на ЗТВПМ, клиентот е должен да испрати писмено барање преку факс или е-маил
  • Барањето мора да биде испратено најмалку 24 часа пред отпочнување на услугата, доколку се работи за водење на група во земјата или 14 дена доколку треба да се реализира патување во странство, а поради обврската за вадење на виза
  • По неговото барање, ЗТВПМ ќе му достави на клиентот профактура, а по извршената услуга и конечна фактура
  • Цените претставуваат бруто износ за членот на ЗТВПМ. На оваа нето цена на нарачателот му се фактурира  персоналниот данок за услугата на ЗТВПМ, што изнесува 11,11% од основната цена
  • Нарачаната услуга може да биде откажана до 24 часа пред отпочнување на истата, во кој случај се наплаќа 50% од цената на услугата; во спротивно услугата на членот на ЗТВПМ се наплаќа во цел износ
  • Задолжителен услов за разглед на градот со автобус е микрофон. За работа без микрофон нарачателот е должен да плати дополнително 50% од договорената цена
  • За секое патување ноќно време со автобус, цената на услугата се зголемува за 50%
  • За услуга во ноќните часови (22-06 часот) и државни празници, цените се повисоки за 50%
  • За работа во недела, цената се зголемува за 30%
  • За водење на два јазика, цената се зголемува за 50%. Водичот не треба да води на повеќе од два јазика
  • Еден водич може да води само еден автобус. Ако поради било какви причини треба да води два автобуса, тогаш цената се зголемува за 50%
  • За водење на ВИП гости цената е повисока за 20%
  • За водење на гости во состав на званични и државни делегации, основната цена се зголемува за 50%
  • Водич, истовремено и возач - цената се зголемува за 50% + трошокот за возилото
  • Доколку водичот ја превзема или остава групата надвор од Скопје, покрај патни трошоци има право и на надомест за трансфер
  • Доколку клиентот доцни, за секој започнат час се наплатуваат 10 евра
  • Членот на ЗТВПМ во текот на неговата работа во земјава или странство има право на сите услуги кои ги користат гостите за целото времетраење на турата
  • При патувања надвор од Скопје на членот на ЗТВПМ му следува еднокреветна соба
  • За секој оброк кој не е обезбеден на водичот/придружникот му следува надомест од 10 евра
  • За патување во странство, нарачателот ги сноси трошоците за вадење на потребната виза и осигурањето

ЦЕНИ

Разглед на Скопје
  1. Разглед  до 3 часа
    • 1-55 луѓе 50 евра
    • 56-75 луѓе 80 евра
    • За македонски туристи 50 евра
  2. Целодневен разглед до 10 часа - 75 евра
Разглед во земјата
  1. Полудневен (до 6 часа) - 50 евра
  2. Еднодневен - 75 евра, за македонски туристи 50 евра, а за ученици 35 евра
Патување во странство
  1. Патување без локално водење - 50 евра по ден
  2. Патување каде воидчот врши и локално водење 75 евра
  3. Работа на стационар (минимум 10 дена) - 35 евра по ден
Трансфери и асистенција
  1. Трансфер од-до аеродром, железничка... 20 евра
  2. Посебни трансфери (на подолги дестинации)
    • Полудневен - 40 евра
    • Еднодневен - 60 евра
  3. Носење на ручек, во шопинг... до 3 часа - 30 евра

 

 

Пријави се на ЗТВПМ

Прашалник

Дали сакате да станете и Вие Туристички водич?
 
Банер
Банер